Достапни линкови

Буџетот ќе се намалува


Со ребалансот на буџетот поради светската криза се намалени приходите и трошоците во буџетот. Експертите оценуваат дека е потребно натамошно намалување на непродуктивните трошоци

Ребалансот на Буџетот кој ќе се најде пред пратениците на расправа, претходно од опозицијата беше оценет како кражба на народот. Од министерството за финансии велат дека ребалансот е изготвен поради негативното влијание на светската економска криза во Македонија и е дел од третиот пакет антикризни мерки на Владата. Според предвиденото ќе се крати на плати и на надоместоци за буџетските корисници, но ќе се намалат и капиталните расходи за околу 17 проценти во однос на проектираното со буџетото за 2009-та.

„Со ребалансот се предлага намалување на приходите од првично проектираните за 10,1 милијарди денари, односно предвидени се
Паметно е во овие услови да се скратат непродуктивните инвестиции. Ние знаеме дека имаше неколку опомени од ММФ и другите инстируции во врска со нашите трошења во непродуктивни дејности
приходи од 143 милијарди денари. Исто така, има кратење и на расходната страна, каде што се проектирани 154 милијарди денари, што е помалку за 13,2 милијарди денари во однос на проекцијата со буџетот за 2009“

вели Ивана Билбиловска портпарол на министерството за финансии.

Пратениците од опозицијата предложениот ребаланс го оценија како голем, нереален и оти тој треба уште да се намалува. Според нив, ребалансот на Буџетот и пакетот антикризни мерки се донесени доцна и во нив не се содржани мерки за најзагрозените категории граѓани. Марјанчо Николов од СДСМ вели дека буџетот и понатаму е преголем и не е соодветен на условите во кои се наоѓа македонската економија.

„Многу пари во буџетот се трошат за непродуктивни расходи, а не за капитални инвестиции и помош за економијата.“

Во време на светска економска криза нормало е да се очекува скратување на буџетот, бидејќи сите приходи на буџетото зависат од обемот на економијата , вели професорот Петрит Положани

„Меѓутоа, паметно е во овие услови да се скратат непродуктивните инвестиции. Ние знаеме дека имаше неколку опомени од ММФ и другите инстируции во врска со нашите трошења во непродуктивни дејности.“

Со ребалансот се предвидуваат помалку пари за сите владини министерства, со исклучок на министерствата за труд и социјална политика и за култура. Намалени се првично планираните средства и за најголемиот дел од останатите државни институции и агенции.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG