Достапни линкови

logo-print

Во Атина обид за прекин на промоцијата на грчко македонскиот речник


Дваесеттина активисти на грчката фашистичка организација „Златна зора,, синоќа во Атина, како што јавува агенцијата МИА, се обиделе насилно да ја прекинат промоцијата на грчко македонскиот речник, што ја организираше партијата на Македонците во Грција „Виножито“. Половина час по почетокот на промоцијата, маскирани лица влегле во Меѓународниот прес центар при што ја оштетиле опремата на снимателите, го уништиле промотивниот материјал и вербално ги нападнале промоторите, но никој не бил повреден.
XS
SM
MD
LG