Достапни линкови

Пронајдените делови биле од авионот на Ер Франс


Продолжуваат напорите за откривање на остатоците од авионот на Ер Франс кој се урна над Атлантикот со 228 патници и членови на екипажот. Вчера бразилското воено воздухпловство соопшти дека биле пронајдени делови од леталото. Експертите сметаат дека никој не го преживеал падот на Ербасот 330 во понеделникот неколку часа по летнувањето од Рио Де Жанеиро за Париз. Се претпоставува дека до несреќата дошло поради лошите временски услови.
XS
SM
MD
LG