Достапни линкови

logo-print

Најдени остатоци од авионот на Ер Франс


Бразилски воени авиони пронашле во Атлански океан остатоци од авион, кои формирале линија долга пет километри, со што е потврдено дека се урнал авионот на француската авио- компанија Ер Франс со 228 патници и членови на екипажот. Ова го изјави синоќа бразилскиот министер за одбрана Нелсон Жобим, додавајќи оти оваа локација е стотици километри далеку од бразилскиот архипелаг Фернандо де Нороња. Жобим истакна дека меѓу остатоците што пливаат по површината на Атлантикот има метални и неметални делови, но не кажа повеќе детали. Тој нагласи дека наоѓањето на црната кутија од авионот ќе оди многу тешко, поради длабочината на океанот од 2-3 илјади метри на местото каде што се најдени остатоците на авионот.
XS
SM
MD
LG