Достапни линкови

Схефер- рано е за повлекување на КФОР


Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Схефер изјави дека повлекувањето на КФОР од Косово би било преурането и оти за иднината на мисијата ќе разговараат министрите за одбрана на земјите- членки на Алијансата идната недела во Брисел. На Косово се наоѓаат речиси 16 илјади припадници на КФОР кои нема таму да останат засекогаш, истакна Схефер. Меѓутоа, повлекувањето сега би претставувало ризик за резултатите од работата во изминатите години, рече првиот човек на НАТО вчера во Париз на седницата на Унијата на западни земји, меѓувладина институција посветена на одбраната во Европа.
XS
SM
MD
LG