Достапни линкови

Ревизија на јавниот сектор во Казакстан


Казакстанските власти соопштија дека ќе направат ревизија на сите продажби во јавниот сектор, откако висок службеник задолжен за металните залихи беше обвинет за крадење на дел од ураниумските резерви. Соопштението од јавното претпријатие задолжено за контрола на државните фирми доаѓа по обвинувањето на шефот на државната компанија за ураниум „Казатопром“ Мукхтар Џакишев. Тој се товари за нелегално присвојување на речиси 60 насто од казакстанските ураниумски богатства.
XS
SM
MD
LG