Достапни линкови

Триесетина уапсени по немирите во Захедан


Иранското судство соопшти дека триесетина луѓе се уапсени поради немирите во градот Захедан, во јужниот дел на земјата. Немирите во овој град настанаа по бомбашки напад на шиитска џамија минатата недела при кој 25 луѓе загинаа. Иранските власти известија дека шест луѓе загинале во немирите кои настанаа по нападот на џамијата.
XS
SM
MD
LG