Достапни линкови

Продолжува потрагата по авионот на Ер Франс


Продолжува потрагата по исчезнатиот „Ербас А330 – 200“ на авиокомпанијата Ер Франс. Авионот исчезна од радар додека го прелетуваше Атлански Океан, на пат од Рио де Женеро до Париз. Меѓу 228 патници и членови на екипажот од 32 различни националности има 126 мажи, 82 жени, седум деца и едно бебе. Надлежните претпоставуваат дека доколку авионот се урнал во Атлантикот, остатоците би биле од 3 до 6 илјади метри под вода.
XS
SM
MD
LG