Достапни линкови

Поради незадоволството од политиката на владата, албанските вонпарламентарни партии најавуваат оддржување протести. Актуелните случувања, како и откажувањето на посетата на косовскиот претседател Сејдиу ги зголемија тензиите на македонската сцена, велат експертите.


Протестите кои ги најавуваат вонпарламентарните партии на албанците во земјава зборуваат дека односите со Косово имаат влијание врз внатрешната политичка сцена во Македонија, вели аналитичарот Алберт Муслиу. Според него по недоаѓањето на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и случуавњата што уследија, покажуваат дека тие реалции мегу дел од политичките партии се доживуваат како благо затегнати. Одразувањето на таквата перцепција и на внатрешен план за него е логично да се сфати:

,,Логично е да се свати дека е така, се зборува за прв сосед со кој еден голем број на граѓани во Македонија, албанците, чувствуваат културни, етнички, семејни врски. Така што секако има влијание нашиот однос со Косово на внатрешно-политичката сцена."

Засега во најава датумот за одржување на протестите дополнително ке биде утврден, а истите би започнале во Скопје и ке продолжат и
Така што секако има влијание нашиот однос со Косово на внатрешно-политичката сцена
во други градови каде што живеат албанци. Невзет Халили од Демократската Унија на Албанците вели дека протестите се организираат поради незадоволството од политиката на актуелната влада во нејзиниот однос кон албанците во Македонија, но исклучува дека Косово има влијание:

,,Тоа е конциденција. Случајот со Косово е конциденција, ова нема врска и не треба да се поврзува со посетата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Едноставно луѓето не се задоволни, ќе слушнете овие денови."

Организатор на протестите е новоформираниот Совет на неколкуте вонпарламентарни политички партии во кој учествуваат претставници на Демократската Унија на Албанците, Партијата за демократски просперитет како и на Друштвата на политички
Случајот со Косово е конциденција. Едноставно луѓето не се задоволни
затвореници и прогонети албанци и Албанското национално движење за Илирида. Нивните протести покажуваат дека во државата има зголемување на тензиите во албанскиот блок мотивирани и од случувањата дома односно од динамиката на спроведуавњето на Рамковниот Договор. Но, истите според Муслиу немаат капацитет да имаат поголемо влијание врз безбедноста:

"Тоа се протести, сигурно има влијание во поткреавањето на тензиите и зависи како ќе се одговори. Јас се надевам дека одговорот на овие протести, нема да биде непромислен одговор и неверувам дека ќе има некое подлабоко влијание."

вели Муслиу.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG