Достапни линкови

Потребен ли е референдум за името?


Премиерот Груевски и владините министри

Премиерот Груевски и владините министри

Експертите поделени по прашањето за организирање референдум за евентуалниот компромис за името. За едни тоа е параван зад кој Владата сака да се скрие, за другите пак, референдумот е последна одбрана на името.

Референдум на кој граѓаните би одлучувале за евентуалниот компромис за името, за дел од експертите е само параван зад кој ќе се скрие Владата, бидејќи не сака да ја понесе одговорноста. За другите пак референдумот е последна одбрана на името. Во очекување на нов предлог за решавање на спорот за името со Грција, Премерот Никола Груевски најави дека доколку се постигне компромис, тој ќе оди на референдум за граѓаните да одлучат. Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, вели дека ако Македонија биде турната во позиција во која мора да прифати промена на името, тогаш референдумот е последната опција, бидејќи народот нема да се
Во тој референдум би очекувал, да ги мобилизираме сите сили и на тој начин да покажеме дека државата и нејзините граѓани неможат да прифатат диктат
изјасни за промена.

,,Во тој референдум би очекувал, значи како одбрана од диктат, како одбрана да ги мобилизираме сите сили, позиција и опозиција и на тој начин да покажеме дека државата и нејзините граѓани неможат да прифатат диктат и врз основа на тоа на другата страна која го врши дикатот, да и се даде до знаење дека н макар и членка на ЕУ, не е на стандардите на Брисел."

Вели Чашуле и објаснува дека со актуелните проблеми во државата и се праќа порака на Грција, дека во земјава постои група која се залага за промена на името. Политикологот Емил Атанасовски објаснувува дека одлуките кои произлегуваат од преговорите не мора да се прифатат, а доколку се прифатат тие треба а бидат или ратификувани во парламентот или на референдум

,,Јасно е дека владата на Груевски е решена тоа да го стави на референдум и дека нема намера тоа да го решава во Парламентот, преку носење на одлука од страна на пратениците. Единствена причина зошто владата сака да оди на референдум, е затоа што не сака таа да ја понесе одговорноста за такво решение."

Вели Атанасовски и додава дека од целата ситуација Владата сака да излезе како историски победник и да каже еве народот одлучи , ние не можеме против тоа.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG