Достапни линкови

Обама - американските идеали се универзални



Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите Држави не можат да им ги наметнат сопствените вредности на другите земји кои имаат различни истории и култури. Сепак, во интервјуто за Би Би Си, Обама нагласи дека американските идеали, како владеење на правото, демократијата, слободата на говорот и на религијата се универзални вредности. Обама неделава ќе ги посети Саудиска Арабија и Египет, каде што се очекува да се осврне на односите на Соединетите Држави со муслиманскиот свет.
XS
SM
MD
LG