Достапни линкови

Саркози- минимални шансите за пронаоѓање преживеани


Францускиот претседател Никола Саркози соопшти дека се „многу мали“ шансите да бидат пронајдени преживеани од авионот на компанијата Ер Франс, кој со 228 патници, исчезна вчера над Атлантскиот океан. Авионот што летал од Рио де Женеиро до Париз се изгубил од радарот по повеќе од три часа од полетувањето. Претходно официјалните лица од компанијата изјавија дека во авионот веројатно удрил гром, по што авионот влегол во зона на силни турбуленции. Саркози наведе дека наоѓањето на авионот ќе биде многу тешко, зашто зоната во која треба да се бара е „неизмерна“.
XS
SM
MD
LG