Достапни линкови

За Нетанјаху неприфатливо барањето на Вашингтон


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече неразумно американското барање за запирање на проширувањата на еврејските населби на западниот брег. Истовремено, во нападите на еврејски доселеници врз палестински работници, повредени се шест Палестинци. Еврејските доселеници, исто така, запалиле полиња на Западниот брег. Со тоа, најавија тие, се обидуваат да го спречат секој обид за отстранување дури и на нивните најмали населби. Во обидот, барем до некаде да им излезе во пресрет на американските барања за целосно запирање на градењето на населбите, Нетанјаху издаде наредба за уривање на малите истурени населбички, изградени без дозвола на израелската влада.
XS
SM
MD
LG