Достапни линкови

Приведен Дилавер Бојку- Леку


Струшката полиција вчера го приведе Дилавер Бојку-Леку, сопственик на кафе-бар на кејот од Црн Дрим, поради нарушување на јавниот ред и мир и пукање од огнено оружје. Приведениот, како што соопшти полицијата, по претходна вербална расправија со две лица кои изведувале градежни работи во близина на неговиот објект, испукал еден куршум од пиштол во воздух. Бојку-Леку стана медиумски познат пред неколку години, по неговото спектакуларно апсење во Црна Гора и испорачувањето во Македонија. Балканските медиуми го нарекоа балкански шеф на проституцијата.
XS
SM
MD
LG