Достапни линкови

Македонски пратеници на собир за европската безбедност


Делегација на македонскиот Парламент ќе учествува на Педесет и шестата пленарна сесија на Европското собрание за безбедност и одбрана на Собранието на Западноевропската унија, што се одржува од денеска до 4-ти јуни во Париз, соопшти собраниската прес-служба. На сесијата ќе бидат разгледани и усвоени повеќе извештаи, препораки и резолуции, меѓу кои и за „Европската безбедносна и одбранбена политика и иднината на Западниот Балкан“. Се очекува на пленарната сесија да се обратат Вацлав Клаус, претседател на Чешката Република, земјата актуелен претседавач во ЕУ и Јаап де Хоп Схефер, генерален секретар на НАТО. Во македонската делегација се пратениците Александар Николоски и Јован Манасијевски.
XS
SM
MD
LG