Достапни линкови

Ер франс изрази соочуство до семејствата на 228 те патници во исчезнатиот авион


Фанцуската авиокомпанија „Ер Франс“ изрази сочуство до семејствата на 228-те патници и членови на екипажот на нејзиниот авион од типот „Ербас А330-200“, кој денеска изутрината исчезна над Атлантикот за време на лет од Рио де Женеиро до Париз.Претходно, француските медуими јавија дека авионот највројатно се урнал откако бил погоден од гром.„Ер Франс“ соопшти дека во авионот имало 228 луѓе од кои 216 патници - 126 мажи, 82 жени, седум деца и едно бебе. Авионот, како што јавија агенциите испратил автоматска порака за дефект на „електричниот систем“. Авионот се изгуби од радарот по повеќе од три часа по полетувањето на околу 300 километри североисточно од градот Натал во близина на архипелагот Фернандо де Нороња
XS
SM
MD
LG