Достапни линкови

Продолжија судирите со талибанците во долината Сват


Судири од поголеми размери и денеска се регистрирани во долината Свот во Пакистан. Пакистанската војска соопшти дека извела операција за ослободување на градот Чарбах, во северниот дел на долината кој го држат талибанските милитанти. За сега нема детални информации за жртви. Според воени извори, 18 талибанци загинале во долината Сват во изминативе 24 часа во судирите со пакистанските војници.
XS
SM
MD
LG