Достапни линкови

Нови случаи на свински грип во Романија


Во Романија се регистрирани два нови случаи на грипот А, попознат и како свински грип. Институтот „Кантакузино“ потврди дека две жени, кои неодамна пристигнале во земјата од Њујорк, се заболени. Педесет годишната мајка и нејзината дваесет и осум годишна ќерка се примени во националниот институт за инфективни болести.
XS
SM
MD
LG