Достапни линкови

Зголемена концесија на рудниците, ќе предизвика нови отпуштања


Рудари

Рудари

Во април годинава во споредба со истиот месец минатата година, бројот на работници во индустријата е намален за 4,7 отсто. Се очекува отпуштањата да се зголемуваат, доколку владата не се откаже од плановите за зголемување на концесијата на рудниците.

Бројот на работниците во индустријата во април годинава, во однос на истиот месец од претходната година е намален за 4.7% , покажуваат податоците од Заводот за статистика Најпогодена е текстилната индустрија , каде бројот на вработени е намален за 23 проценти, а во секторот вадење руда и метали тој процент изнесува 15,7. Се очекува тој број дополнително да се намали, ако се остварат плановите со кои концесијата на рудниците се зголемува за трипати. Тоа би било кобно за нас, ако се земе в предвид дека цената на металите на светската берза е доста низок, вели Николајчо Николов, директор на рудникот „Бучим“. Тој очекува Владата да ја преиспита својата одлука и концесискиот надомест да не се зголемува.

,,Да на тој начин колку толку ќе се создадат некои предуслови, ние инаку што се однесува до бројот на вработените, ние како Бучим имавме застој од 40 дена, но некако успеавме да ги вратиме назад, така што сега сите работници се на работа."

Светското стопанство го очекуваат лоши времиња, а стапката на невработеност и понатаму ќе расте предвидуваат експертите.
Тука имаме во тој сегмент голем број на вработени и ми се чини дека покачувањето во овој момент на нивото на концесијата е еден непромислен чин на владата
Професорот Христо Карталов вели дека во овој момент не е паметен потегот за зголемување на концесијата на рудниците:

"Тука имаме во тој сегмент голем број на вработени и ми се чини дека покачувањето во овој момент на нивото на концесијата е еден непромислен чин на владата, таа треба се да направи, дури да ја намалува концесијата, а не во овие моменти да ја зголемува." Пеце Ристески, претседател на Синдикатот на рударите, металците и енергетичарите, вели дека мерките што ги превзема Владата за намалување на ефектите од глобалната криза, некаде ќе имаат ефекти , но не и во гранките кои се најпогодни.

,,Минимални ќе бидат ефектите, дури во некои претпријатија и никакви од аспект што оние критериуми мали и средни претпријатија итн, не се наоѓаат овие претпријатија бидејќи се поголеми од 250 вработени. Значи во овој сектор минимални ќе бидат ефектите."

Ескпертите од Меѓународната организација на трудот, предвидуваат глобалната стапка на невработеност да се зголеми до 7,4 проценти, што значи дека без работа ќе бидат околу 240 милиони луѓе.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG