Достапни линкови

Џенерал Моторс формално во банкрот


 Седиштето на Џенерал Моторс во Детроит

Седиштето на Џенерал Моторс во Детроит

Американската автомобилска индустрија беше еден од симболите на Америка на 20 век. Американскиот Претседател Барак Обама во говор на почетокот на годинава ја истакна важноста на авто индустријата за животот на америкнанците во минатиот век.

Оваа индустрија, како ниту една друга е амблем на американскиот дух и беше и во иднина ке биде симбол на американскиот успех. Таа помогна да се изгради средната класа во 2о век. Таа е извор на длабоката гордост на работниците чија тешка работа придонесе да се изработат најдобрите автомобили во светот.

Од 1931 до лани Џенерал Моторс владееше на патиштата. Најголемиот авто производител на најголемата светска индустрија. Беше модел за техничка и дизајн иновација, Но како и другите американски авто компании не успеја да ја препознае важноста на ефикасноста од потрошувачката на гориво. Потоа следеше драматичниот пораст на цената на нафтата па згора на се и глобланата рецесија. Пазарите се губеа дури и домашниот пред јапонските Тојота и Хонда. Сега на американската влада е да ги собере парчињата. Новинските агенции повикувајки се на американски официјални лица јавуваат дека ,според владиниот план, владата ќе превземе 60 насто од Џенерал Моторс во замена за 50 милијарди долари финансиска помош. Канадската влада ке позајми 9,5 милијарди за 12 процентна камата. Американската влада му даде на Џенерал Моторс рок до денеска да презентира одржлив план за развој во замена за владина помош. Аналитичарот Ралф Брајан смета дека владата на Обама ке мора нешто да стори, но ќе се обиде да ја ограничи својата улога во компанијата и што побргу да продаде дел од акциите.

,,Владата ке има големи потешкотии ако длабоко се инволвира во микро управувањето со Џенерал Моторс или било која друга голема компанија. Но тие ке бидат под силен притисок да сторат нешто. Така што тие не можат да предвидат како ке се однесуваат,,.
Владата ке има потешкотии ако длабоко се инволвира во управувањето со Џенерал Моторс

Од Џенерал Мотрос зависат многу работници, и многу други гранки поврзани со нив. Централата е во Детроит каде што расположението се следно,,.

,,Јас сум уплашена за Детроит. Многу луѓе зависат од ГМ. Ресторани, се. Ние сме сите поврзани,,.

,,Ние сме ГМ семејство, И вујко и на жена ми работи за ГМ во Кливленд. Ние секогаш ке возиме американски авомобили. Тоа е повеке посветеност и за нас тоа е семејство а не избор на продукт,,.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG