Достапни линкови

На Косово се шири хеморалгичната треска


Во централниот дел на Косово во мај од хеморагична треска која се предизвикува од крлежи беа заразени 16 лица. Во текот на изминатата седмица во болницата во Приштина почина брачна двојка од селото Млечане кај Малишево, а нивната ќерка се уште се наоѓа на лекување. Косовскиот министер за здравство Аљуш Гаши ги повика претседателите на 12 косовски општини да се ангажираат максимално за спречување на ширењето на епидемијата. Кримско конгоанската хеморагична треска - болест слична на еболата, ја пренесуваат крлежите и во 70 отсто од случаите завршува со смрт. Болеста обично се јавува во летниот период, со фаза на траење од 60 до 90 дена.
XS
SM
MD
LG