Достапни линкови

Локални избори во Хрватска- ХДЗ ги изгуби градовите


Во вториот круг на локалните и регионални избори во Хрватска, според првите неофицијални податоци, победиле кандидатите кои во првиот круг имале предност. На чело на Загреб останува досегашниот градоначалник Милан Бандиќ, а во вториот по големина град Сплит за градоначалник е избран контроверзниот бизнисмен Жељко Керум. Резултатите ги потврдија претходните анализи и проценки, според кои владеачката ХДЗ на премиерот Иво Санадер ја губи поддршката во урбаните делови во Хрватска, но и натаму има приврзаници во руралните општини.
XS
SM
MD
LG