Достапни линкови

logo-print

Отежната беатификацијата на папата Јован Павле Втори


Долгогодишните допишувања на папата Јован Павле Втори со неговата пријателка Ванда Полтавски ја отежнуваат беатификацијата на покојниот папа. Ватикан сака, пред да го прогласи Јован Павле Втори за светец, да провери што содржат тие писма, кои почнуваат со „Драга“, јавуваат полските медиуми. Преписката меѓу папата и неговата пријателка траела цели 55 години. Маса верници од целиот свет бараа Јован Павле Втори итно да се прогласи за светец, веднаш по неговата смрт.
XS
SM
MD
LG