Достапни линкови

Нова турнеја на американскиот претседател Барак Обама


Американскиот претседател Барак Обама во идната недела ќе престојува во Египет, Саудиска Арабија, Германија и Франција. Според планираното, в четврток во Египет Обама ќе одржи говор посветен на јакнењето на американските односи со муслиманскиот свет. Ден претходно во Саудиска Арабија тој ќе разговара со кралот Абдула. Турнејата ја завршува со престојот во Германија каде што ќе го посети поранешниот нацистички логор Бухенвалд, додека во Франција Обама ќе учествува на обдележувањето на 65 годишнината од сојузничката инвазија врз Нормандија.
XS
SM
MD
LG