Достапни линкови

Судири меѓу палестинските фракции на Западниот Брег


6 лица биле убиени во најновите судири меѓу палестинските фракции на Западниот Брег. Агенциите јавуваат дека тројца припадници на безбедносните сили на претседателот на Палестинската власт Махмуд Абас и двајца припадници на Хамас загинале во престрелката во градот Калкилија. Притоа загинало и едно цивилно лице. До ова дојде во обидот на полицијата да упаси еден член на вооруженото крило на Хамас.
XS
SM
MD
LG