Достапни линкови

logo-print

Нема одлука за визна либерализација на 15-ти јуни?


Европската комисија сака да достави конкретен предлог за укинување на визниот режим за земјите од Западен Балкан пред летните одмори, но постојат мали шанси ваквата одлука да биде донесена на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, закажан за 15-ти јуни во Луксембург, јави австриската агенција АПА. Повикувајќи се на анонимен експерт на Европската комисија, агенцијата наведува дека на средбата во Луксембург шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ би можеле само да „постигнат договор за идните чекори за либерализација на визниот режим“. Прашањето за визната либерализација сепак ќе биде разгледувано на состанокот на министрите за внатрешни работи на членките на ЕУ, што ќе се одржи на 4-ти и 5-ти јуни во Луксембург. Според најавите од Брисел, еврокомесарот за правда Жак Баро на таа средба ќе поднесе извештај за актуелните состојби во врска со ова прашање.
XS
SM
MD
LG