Достапни линкови

Иран погуби тројца обвинети за бомбашкиот напад врз џамија


Иранските власти денеска погубија со бесење три лица обвинети дека учествувале во бомбашкиот напад врз шиитска џамија во југоисточен Иран, при што загинаа 25 луѓе. Претставник на министерството за правда изјави дека обвинетите внесле во Иран експлозив и им го дале на лицата кои го извеле нападот. Тој соопшти дека на обвинетите им е судено и оти имале адвокати кои им ги определил судот.
XS
SM
MD
LG