Достапни линкови

Спогодба за спас на Опел


Германската влада ноќеска постигнала спогодба со канадскиот производител на автоделови Магна, со поддршка од руската Сбербанка, да му помогнат на Опел, германска филијала на Џенерал Моторс, да го избегне финансискиот крах. Според спогодбата, постигната по дводневни преговори, Магна ќе преземе удел од 20 насто во Опел, а Сбербанка ќе има 35 проценти. Џенерал Моторс ќе задржи 35 насто, додека преостанатите 10 проценти ќе одат кај вработените во Опел.
XS
SM
MD
LG