Достапни линкови

Грција апси осомничени во аферата Сименс


Грчката полиција уапси двајца поранешни директори под обвинение за давање поткуп со цел да обезбедат склучување договор за телекомуникациска зделка меѓу државата Грција и компанијата „Сименс“. Како што јавија грчките медиуми, станува збор за поранешниот директор на грчката телекомуникациска компанија ОТЕ и за раководителот на подружницата на „Сименс“ во Грција. Пред неколку дена грчките власти издадоа меѓународна потерница и по поранешниот финасиски директор на филијалата на „Сименс“ во Грција, кој се товари за давање поткуп на владини службеници во висина од вкупно 100 милиони евра, со цел германската компанија да го добие тендерот за набавка на телекомуникациска опрема.
XS
SM
MD
LG