Достапни линкови

ОН го осудија бомбашкиот напад во Иран


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го осуди бомбашкиот напад врз една шиитска џамија во југоисточен Иран, оценувајќи го како гнасен чин. САД претходно демантираа дека се вмешани во нападот, во кој загинаа 25 лица, а 125 беа ранети. Иранските власти ги обвинија САД и Израел за бомбашкиот напад, истакнувајќи дека тие две земји се обидуваат да предизвикаат напнатост во односите меѓу Шиитите и малцинските Сунити.
XS
SM
MD
LG