Достапни линкови

logo-print

Младите не гледаат иднина во Македонија


Млади во посета на законодавниот Дом

Млади во посета на законодавниот Дом

Поголемиот дел од македонската младина не гледа иднина во земјата. Неможноста да се најде работа, или пак пресудноста на партиската книшка и воопшто целокупната ситуација, ги разочарува младите создавајќи кај нив чувство на безизлезност.

Изминативе неколку недели главен настан во Македонија беа матурските прослави. И додека мајките татковците и роднините бираа подароци за најновата генерација матуранти, младите се дотеруваа и прославуваа. Во екот на прославите, често се поставува прашањето
Барам некоја работа да излезам додека сум студент. Не би се вратил никогаш, затоа што мислам дека државата не нуди доволно за да ме задржи тука
„каде понатаму“? некои продолжуваат на факултет, а некои веднаш се ставаат на пазарот на трудот. Во секој случај, се поставува прашањето каква иднина ги очекува младите во земјава, во поглед на студии, доусовршување, вработување и патување во странство. Животот по матурските прослави го објаснува Игор од Скопје, студент на филозофскиот факултет. Запрашан дали освен факултетот може да се занимава со други активности, Игор одговара:

,,Предавањата на факултет се тотално не организирани. Значи или ќе го сфатиш сериозно факултетот или на пауза ќе работиш.,,

Својата иднина Игор ја гледа во странство.

"Барам некоја работа да излезам додека сум студент. Не би се вратил никогаш, затоа што мислам дека државата не нуди доволно за да ме задржи тука.,,

Улица ,,Македонија"
Невклученоста на младите во вон-факултетските активности ја потврдуваат и од дел од студентските организации. Портпаролката на првата интернационална невладина организациоја во земјава „Аеже“ Елена Аврамовска смета дека меѓу студентите нема доволно интерес за дополнителни активности

"Познато е за македонските студенти дека повеќето од нив се пасивни кога станува збор за неформалното образование. Мнозинството од
Затоа што сеуште влечеме некои корени од еден поранешен систем во кој секој си имаше свое место и немаше многу потреба да се снаоѓаш за да дојдеш до образование, да дојдеш до некаква стипендија итн. Сите некако беа вдомени во тој систем и мислам дека и дури младите денеска иако тоа се менува, меѓутоа сеуште влечеме едни такви корени каде што мислиме дека системот ќе направи нешто за нас
нив се фокусирани на факултетот, на обврските на факултет и ретко кога имаат време за вакви активности какви што нудат студентските организации. За жал ретко разбираат и забораваат дека денеска неформалното образование е тоа што ги разликува едни од други.,,

Аврамовска додава дека студентските организации нудат разни можности за дополнителна едукација на младите, но поради слабиот интерес и нискиот стандард, македонските студенти се поизолирани во споредба со нивните колеги од другите земји

,,Веројатно тоа е затоа што сме малку изолирани и ретко кога имаат можност да се сретнат со студенти од други земји и да видат колку тие работат на вакви настани и како си го организираат времето. Студентските организации во Македонија нудат можности за посета на семинари, да се отиде некаде во странство, нудат можности за пристапни цени, меѓутоа и тие цени некогаш се високи со оглед на стандардот овдека."

По завршување на додипломските студии на младите во земјава им се нуди можност да го продолжат образованието на постдипломски студии. За оние со желба да се стекнат со магистерска титула, изборот е мошне едноставен. Или ќе специјализираат во земјава, или ќе продолжат со образованието во странство. Еден од петте најпознати портали за едукација во светот, основан во Македонија е ,,млади точка инфо,,. Интернет порталот нуди информации за студенти кои имаат желба додипломските или постдипломските студии да ги завршат во странство. Координаторот на млади точка инфо Михајло Лахтов констатира дека младите во земјава декларативно сакаат да студираат или работат во странство, но во пракса не се трудат доволно

"Затоа што сеуште влечеме некои корени од еден поранешен систем во кој секој си имаше свое место и немаше многу потреба да се снаоѓаш за да дојдеш до образование, да дојдеш до некаква стипендија итн. Сите некако беа вдомени во тој систем и мислам дека и дури младите денеска иако тоа се менува, меѓутоа сеуште влечеме едни такви корени каде што мислиме дека системот ќе направи нешто за нас."

Лахтов смета дека студиите и праксата во странство значајно се разликуваат од тоа што се нуди во земјава:
Интересно е тоа што младите кои што сакаат да излезат надвор, да стажираат, бидејќи нели не сме дел од ЕУ, доколку нема статус на студент неможе да стажира надвор односно во земјите од ЕУ


,,Значи не е само начинот на кој што се студира поинаков, пристапот на професорите или на цела институција, администрацијата итн. Меѓутоа и фактот дека на едно место студирате со врсници од различни делови од светот, кој што имаат различни погледи за различни работи, бура на идеји, информации и сето тоа и тие неформални дружења ве прават да бидете човек со пошироки размислувања."

Посредство за студии или пракса во странство организира и невладината „Млади за млади“. Ивана Дамовска ја објаснува суштината и придобивките од програмата:

,,Со тоа што наши студенти од Македонија, ги испраќаме да волонтираат надвор од земјата, во земјите членки на ЕУ, на краток период од 9 до 24 месеци, а исто така и студенти од други земји може да дојдат кај нас и да волонтираат во нашата организација. Тие се здобиваат со богатство од искуство, од знаења, и тие знаења ги применуваат во својата земја."

Дамовска вели дека за програмата има интерерс, но главна пречка за студентите е визната бариера.

,,Се случуваат и проблеми, студентите кои што сакаат да заминат во некоја од земјите од Европа, неможат да добијат виза за престој подолг од 12 месеци, така што тоа е главен проблем. Но, заинтересираност навистина постои, со тоа што студентите понатаму остануваат на постдипломски студии во таа земја, а потоа нели со богато знаење се враќаат во Македонија и ги применуваат тука."

Во поглед на патувањата на младите во странство, мноштво од амбасадите во Македонија даваат визно олеснување предвидено за студенти. Но лидерот на акцијата „Виза нема шанси“ Мики Трајковски вели дека визното олеснување е минимално и се уште предизвикува конфузија.

,,Има едно мало ослободување од страна на некои амбасади, значи секоја амбасада има своја политика и тоа е многу голем проблем за
На некој начин можеби ќе звучи грубо, но партиска книшка е потребна, и тоа се знае зад кулоарите, а некаде дури и јавно се кажува дека треба да бидете припадник на некоја партија за да најдете вработување. Имате млади луѓе кои што размислуваат и несакаат таков пристап, свесни се дека нивното образование треба да биде репер, а не партиската книшка. Значи едноставно и таа политичка ситуација, влијае врз нивното расположение.
младите бидејќи во една амбасада бараат едни документи, во друга други. Така што дефинитивно ги ставаат малку во заблуда."

Трајковски додава дека визниот режим ги изолира младите во земјава.

,,Интересно е тоа што младите кои што сакаат да излезат надвор, да стажираат, бидејќи нели не сме дел од ЕУ, доколку нема статус на студент неможе да стажира надвор односно во земјите од ЕУ."

Оние кои не сакаат или немаат можност да студираат во странство можат да се доквалификуваат во земјава. Но, колку постдиплоците се во можност да ги усогласат работните кариери и специјалистичките студии? Бојан Бошковски, дипломиран новинар и постипломец на Правниот факултет вели дека тешко ги усогласува студиите и работата.

,,Со тоа што на работа си од осум часот, а постдипломските гледаме предавањата да ни бидат од четири, но проблемот е што професорите немаат некои попусти во тој поглед и ни викаат, ако си се одлучил да студираш, ќе си студираш и не ги интересира дали работиш или не, па некогаш имаме предавања од 13 или 14 часот. Значи, доаѓаш во конфликт на работа со претпоставените. И тука веќе имаш проблем, незнаш дали да одиш на работа или на предавања."

Протести на студентите
Бошковски вели дека неретко неговиот работен ден е од осум часот наутро до девет попладне, додавајки дека на негова возраст веќе му е непријатно постојано да бара пари од родителите.

,,И од четири да ни бидат предавањата, значи претходно излегуваш од седум наутро, а се враќаш во девет вечер и немаш време за ништо, за семинарска, да одмориш.... Тешко е, ама бидејќи е криза секој сака да има пари во џеб."

Во поглед на образованието, интересот на младите во Македонија за школување опаѓа. Официјалните податоци од државниот завод за статистика покажуваат дека на крајот на учебната 2007/2008 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 220 833 што претставува намалување за 3.2% во однос на претходна учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2007/2008 година изнесува 92 753 што претставува намалување за 1.1% во однос на претходната учебна година. Без разлика кога во текот на образованието младите ќе одлучат да се стават на пазарот на трудот, тие се соочуваат со најголемиот проблем во земјава - невработеноста. Официјалните податоци покажуваат дека Македонија е лидер по невработеност во регионов, со 350 илјади невработени, меѓу нив и 200 магистри и 11 доктори на науки. Официјалните податоци покажуваат дека стапката на невработеност во земјава е поголема од 30 отсто а според неофицијални проценки, повеќе од половина од младите во земјава седат дома без работа. Индексот на сиромаштија официјално е 29,4 отсто, бројот на семејствата кои примаат социјална помош изнесува 53 илјади, а светската економска кризата испрати дома 23 илјади работници. Во одредени сектори на стопанството младата работна сила е речиси непостоечка, тврдат синдикалните организации. Претседателот на самостојниот синдикат на вработените во енергетиката, рударството и индустријата Лазо Стојчевски претпоставува дека при евентуалната визна либерализација, може да се очекува имигрирање на млади работници од земјава.

,,Треба да се почне да се размислува за вработување на младиот кадар, претежно во нашата гранка, просекот е доста стар, работниците ни се стари, со долг работен стаж, нема примање на млади луѓе и затоа треба да се направи нешто да почне млад кадар да се прима. Да се намалат условите за одење во пензија, со што би можело да се почне со млад кадар."

Експертите констатираат дека во земјава се создава чувство на меланхолија меѓу младата популација како и чувство на безизлезност. Социологот Татијана Стојановска вели дека младите примарно се разочарани од социо - економската состојба:

,,Во последно време посебно со самото сознание дека можеби ќе дојде до визна либерализација, ние правевме едно истражување, и ќе ви ги потенцирам резултатите. Значи, беше потенцирана нивната желба да заминат од државата. Во однос на причините зошто е тоа така, главно се потенцира економскиот фактор односно неможноста да најдат вработување, посебно го имаат тоа чувство на безизлезност, а понекогаш тоа создава чувство на депресија, меланхолија... Значи имате 30% на млади кои што велат, дека по секоја цена сакаат да ја напуштат државата бидејќи не гледаат перспектива во рамки на својата држава."

Стојаноска појаснува дека младите луѓе, кога се споредуваат со нивните врсници од други земји, констатираат дека трудот не им се цени.

,,На некој начин можеби ќе звучи грубо, но партиска книшка е потребна, и тоа се знае зад кулоарите, а некаде дури и јавно се кажува дека треба да бидете припадник на некоја партија за да најдете вработување. Имате млади луѓе кои што размислуваат и несакаат таков пристап, свесни се дека нивното образование треба да биде репер, а не партиската книшка. Значи едноставно и таа политичка ситуација, влијае врз нивното расположение."

Инаку според официјални податоци во Македонија минатата година биле регистрирани 189 699 невработени лица на возраст од 25 до 49 години, или 61 отсто од сите невработени.
XS
SM
MD
LG