Достапни линкови

Продолжен мандатот на мировните сили на ОН на Кипар


Советот за безбедност на ОН синоќа го продолжи за уште шест месеци мандатот на мисијата на мировните сили на ОН на Кипар. Вкупно 14 земји гласаа за оваа одлука, а само Турција, како непостојан член на советот, беше против продолжувањето на мисијата. Советот за безбедност ги повика кипарските Грци и Турци да ги интензивираат преговорите за решавање на спорот. Инаку, мисијата на ОН на поделениот остров се наоѓа 45 години.
XS
SM
MD
LG