Достапни линкови

ЕУ нема да ги плаќа украинските долгови за руски гас


Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо изјави денеска дека на престојниот самит на Унијата ќе биде разгледан проблемот на Украина со плаќањето на рускиот гас, но нагласи дека Брисел не може да ги плати долговите на Киев.
“Премиерот Путин ми се јави и ме информира за тешкотиите што ги има Украина со плаќањето и оти и е потребна помош. Мислам дека е речиси невозможно од буџетот на Европската Унија да и се помогне на Украина”. Баросо додаде дека тоа проблем, пред се, меѓу Русија и Украина.
XS
SM
MD
LG