Достапни линкови

logo-print

Климатските промени предизвикаа смрт кај 315 илјади луѓе


Според студијата на Глобалниот Хуманитарен Форум од Женева, како последица на климатските промени умреле 315 илјади луѓе во светот, а се очекува до 2030 тата година смртноста да изнесува 500 илјади луѓе. Станува збор за глад, болести и временски катасрофи. Економските загуиби се 125 милона долари годишно, а климатските промени директно влијаат врз 325 милона луѓе секоја година. Поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации Кофи Анан изјави дека климатските промени се најголемиот предизвик на денешницата. Тој ургираше до владите на престојниот декемвриски состанок во Копенхаген да се донесе глобален договор кој ке го замени протоколот од Кјото.
XS
SM
MD
LG