Достапни линкови

Владата планира ново странско задолжување


Премиерот Груевски и владините министри

Премиерот Груевски и владините министри

Од владата најавуваат странско задолжување од околу 200 милиони евра. Стручната јавност смета дека доколку на економски начин се употребат парите, нивното враќање ќе биде лесно. Но, доколку се трошат за непродуктивни цели тоа нема да биде добро за справување со економската состојба.

Најавите за странско задолжување во висина од околу 200 милиони евра меѓу економистите отворија прашање за нивната намена односно колку тоа ќе биде во функција на потикнување на производството. Доколку на економски начин се употребат парите нивното вракање ке биде лесно, посочуваат економистите. Но, нагласуваат и дека трошењето пари за непродуктивни трошоци како финансирање на биџетски дефицит не е вистински начин за справување со економските состојби. Мартин Мартиновски портпарол на Министерството
Доколку се троши недомаќински, за непродуктивни трошоци, сигурно дека тоа ќе го влошува бонитетот на земјата
за финансии, вели дека во тек е процесот на подготовка и оти се планира еврообрзницата да биде во опсег од 150 до 200 милиони евра, но дека крајното кога и колку ќе изнесува ќе зависи од пазарните услови на мегународните пазари на капитал.

,,Парите ќе бидат искористени како поддршка на буџетот на Република Македонија, за реализација на капитални проекти."

По основ на задолжување Македонија сеуште не е високо задолжена земја и врз основа на таквите пропорции може да има одредена
Парите ќе бидат искористени како поддршка на буџетот на Република Македонија, за реализација на капитални проекти
комоција но акцинетот треба да се стави во ефикасна,ефективна и продуктивна употреба на тоа здолжуавње а не колку е тоа обемно вели Беџети.

"Доколку се троши недомаќински, за непродуктивни трошоци, сигурно дека тоа ќе го влошува бонитетот на земјата. Било какви административни трошоци, финансирање на буџетскиот дефиците, на трошоците кои што не генерираат раст, или не се антициклични."

Најбитно според него е парите да се употребат за создавање услови за производство:

"Тоа е најбитно, но не мислам дека владата како такво може да поддржува освен поединечни гранки во производството каде што забележаа пад односно голем недостиг на ликвидни средства, за да може тоа да го надомести."

Претходно деновиве беше одобрен и договорен друг процес. Европската инвестициска банка одобри заем за Македонија од 100 милиони евра за Македонската банка за подршка на развојот. Се очекува да помине закон за задолжување со што ови пари ќе станат оперативни, односно партите ќе се пласираат до деловните банки. Тој кредидт кој е договорен и одобрен е наменет за субвенционирање на малите и средни претријатија.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG