Достапни линкови

Борби во Јужен Авганистан - 35 убиени талибанци


Американските сили соопштија дека 35 талибанци се убиени во борби и при воздушни напади во јужен Авганистан. Борбите почнале по заседата која талибанците им ја поставиле на авганистанско – американска патрола во провинцијата Забул. Американската команда соопшти дека вчера борби имало и во соседната провинција Пактија. Во тамошните судири биле убиени 29 милитанти.
XS
SM
MD
LG