Достапни линкови

logo-print

Албанскиот фактор „притиска" за името


Али Ахмети - Претседател на ДУИ

Али Ахмети - Претседател на ДУИ

ДУИ порачува дека албанците ќе бараат нови алтернативи, доколку до крајот на годината не се реши проблемот со името за продолжување на ЕУ и НАТО интеграциите на Македонија. Експертите на мислење дека таквиот став на албанскиот фактор мора сериозно да ја замисли власта.

ДУИ преку својата потпретседателка Теута Арифи, им порача на своите коалициони партнери доколку до крајот на годината не се реши името и не се напредува во процесот на евроинтеграциите Албанците ќе бараат нови алтернативи, вели Теута Арифи Потребен е афторитет кој ќе пресече и ќе направи чекор напред кон ЕУ и НАТО. Проблемите што побргу треба да се решат, затоа што тоа е сврзано со економските и политичките состојби и во земјава, и со нашата позиција надвор, објаснува политикологот Хисен Рамадани. Ако застанат процесите за евроинтегрирање, тогаш Албанците во Македонија ќе бараат да бидат значен фактор во донесувањето на одлуките.
Така што тоа несогласување на еден, во однос на предлозите на друг, ќе ја радикализира ситуацијата


,,Бидејќи се гледа по овие најбитни прашања, сигурно не само поради слабоста на субјектот кој што учествува во Владата туку воопшто целиот албански блок во целина, нема, условно речено, пристап во најглавните одлуки кои што се однесуваат за државата. Најновите случувања, навистина непримерните однесувања кон Косово, покажува дека тие воопшто не се присутни кога се одлучува нешто."

Професорката Мирјана Малевска вели дека албанските партии се натпреваруваат во својот радикализам, сакајќи да си го зголемат

,,Реакцијата на другата страна ќе биде, неможе сега, неможе во овој момент, неможе веднаш. Така што тоа несогласување на еден, во однос на предлозите на друг, ќе ја радикализира ситуацијата, но факт е дека мора да се размислува како да се реши овој проблем со Грција, за што побрзо зачленување во ЕУ и НАТО."

Вели Малевска и додава дека ДУИ сега самостојно сака да го убрза процесот на евроинтегрирање .

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG