Достапни линкови

Иванов (не) зависен од Груевски?


Претседателот Ѓорге Иванов и Премиерот Никола Груевски
Претседателот Ѓорге Иванов и Премиерот Никола Груевски

Може ли претседателот Иванов да излезе од контрола на Груевски и да почне независно да донесува одлуки? Експертите не веруваат дека Иванов ќе биде независен од Владата, а со сличен став и повеќето граѓани.

Во моментов, не изгледа дека претседателот Ѓорге Иванов може да донесува одлуки, независни од ставот на владејачкото мнозинство што го предложи за функцијата, коментираат дел од аналитичарите. Според резултатите од неодамнешните анкети, претседателот Иванов има околу 10 пати помал рејтинг од тој на премиерот Никола Груевски. Анкетата што Радио Слободна Европа ја спроведува на својата интернет страница www.makdenes.org покажува дека само еден од шестмина испитаници верува дека претседателот Иванов ќе биде независен од владата. Политикологот Жидас Даскаловски вели дека сега изгледа дека Иванов не ќе може да донесува одлуки независно од владата.

,,Во моментов изгледа дека е дел од машинеријата на Владата, која што е послушна."

Македонија беше во слична ситуација и со изборот на поранешниот претседател Борис Трајковски. Сепак, во одреден момент Трајковски
Во моментов изгледа дека е дел од машинеријата на Владата, која што е послушна
почна да донесува одлуки спротивни на одлуките на партијата и се конфронтираше со тогашниот премиер Љубчо Георгиевски. Георгиевски тогаш им се извини на гласачите зашто го предложил Трајковски за Претседател. Можно ли е да се повтори таква ситуација и кои прашања би можеле да предизвикаат несогласувања меѓу претседателот и премиерот?

,,Тоа е тешко да се предвиди сега, во сегашна перспектива, значи претседателската функција има некои ингеренции кои што влијаат од личноста да преземе одредени чекори во одреден момент и на тој начин да се одвои од партијата која што го кандидирала и го номинирала во моментот."

вели Даскаловски.
Сепак тој се сомнева дека Иванов може, слично како Трајковски, да и се спротивстави на партијата.

,,Тоа е во рамките на шпекулациите, јас лично неверувам."

И аналитичарот Ким Мехмети се сомнева дека Иванов може да излезе од сенката на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Македонија е претворена во приватна сопственост на ВМРО ДПМНЕ, контролирана од Груевски. Претседателот е само негова кукла и тој ќе остане вечно во негова сенка."

Мехмети посочува дека малиот број гласови што Иванов ги доби од албанските гласачи ќе му бидат дополнителен хендикеп за независно
Претседателот е само кукла на Груевски и тој ќе остане вечно во негова сенка
извршување на функцијата.

,,Ѓорге Иванов го има хендикепот дека тој е само претседател само на македонците, тој не е изгласан и од албанците. Борис Трајковски барем формално тој недостаток, и оттука Груевски има многу силен аргумент и да го уценува, доколку тој евентуално сака да му ,,побегне" односно да му излезе од ,,рацете."

Ниту во предизборната кампања, ниту по преземањето на претседателската функција, Иванов, барем јавно, не излезе со став што се коси со ставот на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG