Достапни линкови

Хеморагична треска на Косово


Рифат Круезиу од селото Млечане кај Малишево е втората жртва на хеморагичната треска на Косово, објавуваат денеска приштинските медиуми и потсетуваат дека пред три дена од истата болест починала и неговата сопруга Севдија. Рифат и Севдија починале на Универзитетскиот клинички центар во Приштина, а нивната ќерка лежи на истата клиника, но според лекарите, нејзината состојба е стабилна. Рифат Круезиу, како што тврди неговиот син, го нападнале крлежи додека ја чувал стоката. Мештаните на Малишево тврдат дека овој вид епидемија се појавува веќе неколку години по ред и оценуваат дека е многу загрижувачка за целото подрачје.
XS
SM
MD
LG