Достапни линкови

logo-print

Има креативни решенија за името на Македонија


Има многу креативни решенија за спорот со името меѓу Македонија и Грција, смета американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг, кој неодамна ги посети Скопје и Атина. Тој најави дека Вашингтон ќе продолжи да го поддржува процесот во Обединетите Нации со посредство на медијаторот Метју Нимиц. Стајнберг изјави дека следи напорна работа со двете страни. ,, Се обидуваме да ги мотивираме да погледнат подалеку од разбирливите чувства што луѓето ги имаат, да размислат за нивните пошироки стратешки перспективи и придобивки,, - рече Стајнберг во интервју за Гласот на Америка. Тој рече дека бил охрабрен од средбите што ги одржал во Атина и смета дека „раководството во Грција ја цени важноста од тоа Македонија да биде подобро закотвена во евро-атлантските институции. На прашање дали Вашингтон планира да назначи специјален пратеник за Балканот, Стајнберг со одговор дека не знае дали ќе има посебен претставник, но оти самата посета на потпретседателот Џо Бајден, како и неговата посета, илустрирале колку САД сметаат дека Балканот е важен.
XS
SM
MD
LG