Достапни линкови

ДУИ останува во владата


Претседател на Косово, Фатмир Сејдиу
Претседател на Косово, Фатмир Сејдиу

Коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ функционира добро, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети. Откажувањето на посетата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на Македонија, ја наметна дилемата дали тоа ќе ги влоши владините односи.

Државниот врв изрази жалење поради неоставрената средба со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Во соопштението од владата се изразува надеж дека средбата ќе се одржи во скоро време и дека овој случај нема да влијае врз односите меѓу двете земји:

„Изразуваме жалење поради откажувањето на посетата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, се надеваме дека во идина таква посета ќе се оствари поради тоа што Косово и Македонија се партнери и пријатели кои што во иднина треба да ги развиваат своите односи и да ги искористат сите позитивни перспективи.“

Изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ. Откажаната посета невлијае врз функционирањето на владината коалиција, изјави лидерот
Коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ функционира добро и владата работи на реализација на проектите што ги имаме добиено како задача од граѓаните
на ДУИ Али Ахмети кој изрази надеж за скоро воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји:

„ДУИ ќе ги сконцентрира сите сили да ги унапреди добрососедските односи, бидејќи така ќе придонесеме за наша подобра иднина.“

Мислам дека ниту косовскиот претседател Сејдиу, ниту институциите на Косово не би биле заинтересирани ДУИ да ја напушти владата, затоа што тоа е во интерес на развојот на настаните не само во Македонија туку и во регинот, изјави Ахмети:

„Коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ функционира добро и владата работи на реализација на проектите што ги имаат добиено како задача од граѓаните за да ги спроведат.“

Вели Ахмети. Во соопштението од Владата исто така се потсетува дека Македонија беше првата земја која што наиде на разбирање за планот на Марти Ахтисари за финално решавање на статусот на Косово, за подоцна, низ процедура на одобрување од страна на најголемиот број партии во Македонија, да резултира со признавање на независноста на Косово.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG