Достапни линкови

Старо Нагоричино со потенцијал за развој на туризмот


Куманово

Куманово

Со бројни културно-историски споменици, опсерваторијата Кокино и чиста еколошка средина, општината Старо Нагоричино во кумановскиот регион има голем потенцијал за развој на туризмот. Во моментов УСАИД помага и за модернизирање на училиштата, што е еден од приоритетите на општината.

Една од еколошки најчистите средини е територијата на која се протега Општината Старо Нагоричино или Козјачко-пчињскиот регион. Со бројни културно-историски споменици,со термални извори,со мегалитската опсерваторија Кокино и многу други знаменитости таа претендира да стане модерна средина за живеење. Локалната самоуправа на општината на 15-ина километри североисточно од Куманово со довршување на започнатата инфраструктура,со модернизирање на училиштата ќе привлекува странски и домашни инвеститори,вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.Токму во овој реон постојат и идеални услови за развој на туризмот:

„Културно-историските споменици, Кокино, термалниот извор и бањата Стрновац, меморијалниот музеј и рекреативниот центар во Пелинце се императив не само за нашата општина, туку и за нашата Влада. Во соработка со Земјоделскиот факултет во Скопје работиме на создавање ботаничка градина каква што нема на Балканот, што овозможуваат термалните извори. Ботаничката градина ќе им биде од помош и на студентите, а ќе биде и од интерес на општината и државата.“

Вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
А стотина основци од подрачните и централното Училиште „Светозар Марковиќ“ со финансиска подршка на УСАИД по четири
Културно-историските споменици, Кокино, термалниот извор и бањата Стрновац, меморијалниот музеј и рекреативниот центар во Пелинце се императив за нашата општина
децениско чекање добија нови прозорци и врати.
Децата се иднината на секој народ. Затоа американскиот народ помагајќи им на децата помага во градење на иднината.

„Преку нашата работа со помош на американскиот народ планираме да помогнеме на над сто училишта.“

Рече Ким Принтон од УСАИД.

„Апсолутно сум задоволен, се надевам дека проектот ќе продолжи успешно.“

Вели Тим Бруид од УСАИД.
Со запоставување на македонските рурални средини паралелно биле запоставувани и училишните згради,а наставата се одвивала во лоши услови. За проектот на УСАИД директорката Жаклина Милинковиќ вели:

„Многу ни значи ова, учениците учеа на провев, а сега добиваме европски услови за одржување настава.“

Оваа некогаш напуштана општина, се чини последниве години се повеќе ги привлекува некогашните жители или пак нивните потомци да се враќаат на старите огништа. Особено откако фабриките замреа во градовите,а луѓето останаа без егзистенција. И како што низ шега забележува еден од постарите жители тркалото на животот се врти, па и во Старо Нагоричино полека се враќаaт луѓето.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG