Достапни линкови

Финансиската криза ги влошува човековите права


Светската финансиска криза придонесува за влошување на состојбата со човековите права, оценува во извештајот за 2009-та година Организацијата Амнести Интернешнел. Се наоѓаме пред социјална, политичка и економска темпирана бомба која ќе експлодира доколку не се посветиме на прашањето за човековите права, предупредува Организацијата за човековите права Амнести Интернешнал. Во извештајот исто така е наведено дека постои прекршување на човековите права во Русија, Централна Азија, Кавказот и повеќе други земји.
XS
SM
MD
LG