Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад во пакистанскиот град Пешевар


Најмалку три лица загинале, а повеќе од 20 се повредени при експлозија на две бомби во градот Пешевар, на северозападот од Пакистан. Некои од повредените се во тешка состојба и се очекува дека бројот на загинати би можел да се зголеми, соопшти полицијата. До денешниот инцидент доаѓа ден откако 24 луѓе загинаа, а околу 300 беа повредени при самоубиствен напад со автомобил бомба во градот Лахоре.
XS
SM
MD
LG