Достапни линкови

Сејдиу не дојде


Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу

Во ДУИ затечени од откажувањето на посетата на косовскиот претседател Сејдиу. Нова Демократија смета дека тоа може да ги наруши меѓуетничките односи, а СДСМ дека ова е нова дипломатска грешка

Во ДУИ се затечени од откажувањето на посетата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Потпретседателот на владејачката ДУИ Рафиз Алити вели дека не очекувал посетата на Сејдиу да се откаже. Одговорот зошто косовскиот претседател не дојде, треба да го даде
Секако дека пораката не е добра
Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, вели Алити. Тој вели дека откажувањето на посетата не е добра ниту за меѓународниот имиџ на земјата.

Алити, сепак, не сака да одговори дали ова ќе предизвика криза во владината коалиција. На централно претседателство ќе се анализираат сите моменти зошто дошло до откажување на посетата, вели Алити.

„Секако дека пораката не е добра.“

Во Нова демократија се согласуваат дека недоаѓањето на Сејдиу е лош потег што може да влијае и на нарушување на меѓуетничките односи во Македонија. Портпаролот на Нова демократија Аријанит Хоџа вели дека Иванов треба да придонесува за стабилноста во регионот. Иванов треба да гради добрососедски односи со сите, вклучително и со Косово. Добри односи со Косово сега ни се
Ова не е добра порака и за меѓуетничките односи. Кажав дека ова е навреда за една третина од граѓаните на Република Македонија. Една третина од граѓаните се емотивно, фамилијарно или економски поврзани со Косово
попотребни од кога било до сега, вели Хоџа.

„Ова не е добра порака и за меѓуетничките односи. Кажав дека ова е навреда за една третина од граѓаните на Република Македонија. Една третина од граѓаните се емотивно, фамилијарно или економски поврзани со Косово.“

Тој, сепак, се надева дека проблемот ќе се реши во најскоро време.

„Верувам дека господинот Иванов ќе најде смелост да му се извини на господинот Сејдиу и да го реши овој проблем и да го пречека господинот Сејдиу со сите протоколарни одговорноси и да се однесува кон него како претседател на независна држава, како што се однесува кон претседателите на сите други држави.“

Во опозицискиот Социјалдемократски сојуз сметаат дека, по непоканувањето на Сејдиу на инаугурацијата на претседателот Ѓорге Иванов, ова е втора дипломатска грешка во однос на Косово.
Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов изразија жалење за откажување на средбата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG