Достапни линкови

logo-print

Грузија тврди дека Русија го уценила генералниот секретар на ООН


Грузија ја обвини Русија дека извршила притисок врз генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун при подготовката на последниот извештај за таа кавкаска држава. Грузискиот амбасадор во Њујорк Александар Ломаија изјави дека генералниот секретар бил уценет да направи измени во извештајот. Имено, во претходните извештаи стоело дека двата сепаратистички региона Јужна Осетија и Абхазија се дел од Грузија, што во последниот било изоставено. Русија ги отфрли ваквите обвинувања.
XS
SM
MD
LG