Достапни линкови

Иванов жали поради недоаѓањето на Сејдиу


Кабинетот на Претседателот на Република Македонија изразува жалење за неостварувањето на средбата меѓу Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и Претседателот на Република Косово Фатмир Сејдиу. Во соопштението од Кабинетот се вели дека претседателот Иванов е цврсто посветен на развивањето на добри билатерални односи со соседите на Република Македонија, како и на развојот на регионалната соработка меѓу балканските држави. Претседателот на Република Македонија верува дека односите меѓу Република Македонија и Република Косово имаат голем потенцијал и ќе се интензивираат и продлабочат во блиска иднина, стои во соопштението.
XS
SM
MD
LG