Достапни линкови

logo-print

Невреме во Македонија


Силно невреме со поројни дождови и грмежи ја зафати вчера Македонија. Според Управата за хидрометеоролошки работи, со најсилен интензитет невремето било во скопскиот и во полошкиот регион. Невремето траеше неколку часа проследено со изобилни врнежи од дожд и град, грмотевици и ветар со брзина и до 100 километри на час. Како последица на невремето уништени се земјоделски насади и поплавени се повеќе куќи.
XS
SM
MD
LG