Достапни линкови

Русија бара од Северна Кореја да се врати на преговорите


Москва побара Пјонгjанг да се врати на преговорите за да може да се најде решение за севернокорејската нуклеарна криза. Русија се залага за укинување на нуклеарната програма на корејскиот полуостров и бара тамошните власти да не дозволат да биде поткопан системот за неширење на нуклеарното оружје. Исто така е побарано Пјонгjанг да ја почитува резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Русија,Северна и Јужна Кореја, САД, Кина И Јапонија уште во 2003-та почнаа преговори со цел комунистичкиот режим во Пјонгjанг да прекине со развојот на нуклеарна програма. Северна Кореја се повлече од преговорите во април годинава бидејќи Советот за безбедност го осуди лансирањето на ракетите.
XS
SM
MD
LG