Достапни линкови

Куба ќе дозволи операции за промена на полот


Куба повторно ќе дозволи да се изведуваат операции за промена на полот, соопшти Мариела Кастро, ќерката на кубанскиот претседател Раул Кастро. Ваквите операции беа забранети при крајот на 1990-та. Министерството за здравство ги дозволи операциите за промена на полот уште минатата година, но досега не е изведена ниту една таква. Првата успешна операција за промена на пол во Куба е изведена во 1988-та. Дел од Кубанците се против тоа, затоа што за таквите зафати се трошат многу пари, а земјата има економски проблеми. Куба има систем на бесплатна здравствена заштита и државата ги сноси сите трошоци за операциите.
XS
SM
MD
LG